Достапни линкови

logo-print

Сирија -илјадници луѓе на погребот на загинатите демонстранти


Анти-владини протести во Сирија

Анти-владини протести во Сирија

Илјадници луѓе во сирискиот град Хама ќе присуствуваат на погребите на десетиците демонстранти кои вчера беа убиени од страна на безбедносните сили, соопштуваат активисти за човекови права. Според нивните проценки вчера најмалку 44 луѓе загинале за време на протестите во Сирија, и тоа најголемиот дел од нив во градот Хама. Хама во 1982-та година беше средиштето на бруталните случувања, кога повеќе од 30 илјади луѓе загинаа кога Муслиманското братство се крена против тогашниот претседател Хафез ал Асад, татко на сегашниот претседател Башар ал Асад.
XS
SM
MD
LG