Достапни линкови

Пакистан бара потврда за убиството на лидерот на милитантите


Пакистански исламисти се молат за Осама бин Ладен

Пакистански исламисти се молат за Осама бин Ладен

Пакистанските власти соопштуваат дека се обидуваат да добија потврдна информација дали во ракетни напади на американските сили е убиен висок преставник на Ал Каеда во Пакистан. Извештаите велат дека Иљас Кашмири можеби е убиен во нападите во Јужен Ваизирстан во петокот. Кашмири е еден од петте најбарани лидери на милитантите во Пакистан. Тој е обвинет дека планирал многу напади врз безбедносни објекти на западните и на пакистанските сили. Индиските власти велат дека тој е вмешан и во нападот во Мумбаи во 2008-та, кога загинаа повеќе од 160 луѓе.
XS
SM
MD
LG