Достапни линкови

Американскиот секретар за одбрана Гејтс во посета на Кабул


 Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс замина во Кабул денеска во проштална посета на Авганистан. Тој се подготвува да ја напушти својата функција до крајот на месецов. Гејтс треба да ги посетите американските војници што служат во Авганистан. Американскиот секретар за одбрана изјави дека парите што ги трошат Соединетите држави за војната во Авганистан, а тоа е околу 120 милијарди долари годишно, не треба да ја обликува одлуката за тоа колку брзо се повлекуваат од земјата. Тој изјави дека ако еднаш сте се обврзале, успехот на мисијата треба да биде над се. Затоа што во спротивно најскапо од се ќе биде ако мисијата не успее. Гејтс беше секретар за одбрана повеќе од 4 години
XS
SM
MD
LG