Достапни линкови

Се лекува ли јеменскиот претседател Салех во Саудиска Арабија?


Салех беше повреден при нападот на претседателската палата

Салех беше повреден при нападот на претседателската палата

Има спротивставени извештаи за тоа дали денеска претседателот на Јемен, Али Абдула Салех, ја напуштил земјата за да добие медицински третман. Сателитскиот канал Ал Арабија цитира медицински власти кои велат дека Салех е пренесен во Саудиска Арабија за да ги лекува повредите здобиени во вчерашиот напад врз претседателската палата. Но, официјалната јеменска новинска агенција Саба не го потврдува извештајот, велејќи дека само високи владини функционери биле во Саудиска Арабија на лекување. Вчера беше објавена аудио изјава на претседателот во која вели дека е добро.
XS
SM
MD
LG