Достапни линкови

МОСТ ќе набљудува со 3.700 набљудувачи


МОСТ ќе покрие 70 проценти од избирачките места

МОСТ ќе покрие 70 проценти од избирачките места

Граѓанската асоцијација МОСТ утрешните парламентари избори ќе ги набљудува со 3.700 набљудувачи, со што ќе покрие речиси 70 проценти од гласачките места, изјави претседателот на МОСТ, Дарко Алексов. Набљудувачите и денеска го следат изборниот процес на болните, немоќните, внатрешно раселените и гласањето на дијаспората. Во име на МОСТ, Алексов го повтори апелот за одржување фер, демократски и мирен изборен процес. Тој верува дека дека учесниците во изборниот процес ќе покажат демократска култура и политичка волја и ќе ги стават државните пред партиските интереси.
XS
SM
MD
LG