Достапни линкови

Индиски гуру штрајкува со глад против корупцијата


Најпознатиот индиски јога учител Свами Баба Рамдев започна штрајк со глад за да ја принуди владата да ги прифати неговите предлози за борба против корупцијата. Свами Баба кој има огромен број гледачи на неговото телевизиско јога шоу бара смртна казна за владините министри доколку се докаже дека биле корумпирани. Тој бара од владините претставници да ги вратат во земјата парите од нивното незаконско работење што, како што наведува, ги чуваат во странство. Во Индија деновиве е актуелен скандалот со Телекомот во вредност од 39 милијарди долари, за што беше уапсен еден министер.
XS
SM
MD
LG