Достапни линкови

Еврото порасна по договорот за помош на Грција


Вредноста на еврото порасна во однос на доларот откако Грција склучи нов договор со Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд, како и по разочарувачките податоци за американското економско заздравување. Се смета дека договорот ги отргна страхувањата за можно пропаѓање на финансиската помош од 160 милијарди долари што ЕУ и ММФ и ја одобрија на Грција. Во исто време, во Соединетите држави беше објавено дека во мај биле отворени 54 илјади работни места, или само една четвртина од работните места отворени во претходните три месеци. Едно евро се менува за еден долар и 46 центи.
XS
SM
MD
LG