Достапни линкови

Јемен чекор поблиску до граѓанска војна


Сана 03.06 2011

Сана 03.06 2011

Претседателот на Јемен Али Абдула Салех и неколкумина владини претставници, вклучувајки го премиерот и претседателот на парламентот биле повредени денеска во Сана кога граната ја погодила претседателската палата.
Се јавува дека при тоа загинале 4 припадници на гардата и дека Јемен е на чекор поблиску до целосна граѓанска војна, бидејки низ улиците на Сана се воделе борби меѓу владините и анти-владините сили.
Се најавуваше дека Претседателот Салех, кој бил полесно повреден , ке се обрати на јавноста преку ТВ, но тоа досега не се случи.
Властите за нападот ги обвинија бунтовните на племенскиот водач Шеик Садик ал Ахмар.
XS
SM
MD
LG