Достапни линкови

Најмалку 44 убиени лица денеска во Сирија


Демонстрации во Сирија

Демонстрации во Сирија

Сириските групи за човекови права соопштија дека најмалку 44 лица биле убиени денеска кога владините трупи отвориле оган врз толпата од 50 илјади анти владини демонстранти во Хама.
Овој град и во 1982 беше сцена на брутални насилства кога околу 30 илјади луѓе станаа да протестираат против тогашниот Претседател Хафез ел Асад татко на сегашниот Башар ал Асад.
Протести денеска имало и во Јасем и Дал. Досега во немирите во Сирија се убиени 1100 лица.
XS
SM
MD
LG