Достапни линкови

logo-print

ВМРО ДПМНЕ и СДСМ остро до крај на кампањата


СДСМ ги негира обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека подготвува сценарио за изборни инциденти и најави постапка против владејачката партија за фалсификување документи.
Андреј Петров, шеф на Изборниот штаб на СДСМ, рече дека документите што ги презентира ВМРО-ДПМНЕ се фалсификати поради што ќе отворат постапка пред Јавното обвинителство. Она што нив ги чуди, како што нагласи Петров, е тоа што премиерот знаел за ова сценарио пред две недели и трипати на митинг го повторувал тоа.
СДСМ во оваа кампања е брутална и ниска. Што се не се обидоа да направат во оваа кампања. Лажат, манипулираат, креираат сценарија, наведува ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на денешната прес-конференција на Андреј Петров од СДСМ.
Самиот факт дека користат бугарски сајтови за да пласираат вакви информации, а ги нарекуваат Викиликс е доволно јасно за што станува збор. Во оној напис, кој некој го нарекува Викиликс има датуми и настани кои целосно ги имаат промашено.
XS
SM
MD
LG