Достапни линкови

Ромпеј е задоволен од напредокот на Хрватска кон ЕУ


Претседателот на Европскиот Совет, Херман ван Ромпеј денеска во Љубљана истакна дека е задоволен од напредокот на Хрватска во преговорите со Европската унија.
Хрватските предпристапни преговори беа една од темите на средбата меѓу словенечкиот премиер Борут Пахор и Ван Ромпуј, кој допатува во Љубљана за да изрази поддршка на Пахор пред референдумот за пензиската реформа, што ќе се одржи в недела.
Ромпуј наведе дека е оптимист и оти преговорите меѓу Хрватска и ЕУ набрзо ќе завршат. Тој ја пофали и Словенија поради што го потврдила Арбитражниот договор со Хрватска и со тоа овозможила продолжување на преговорите меѓу Загреб и Брисел.
XS
SM
MD
LG