Достапни линкови

Јеменските сили пукале врз демонстрантите


Јеменските сили отвориле оган врз демонстрантите во Сана кои бараат оставка од претседателот Али Абдула Салех, при што најмалку 7 лица биле повредени. Во градот имало и улични борби околу некои владини објекти. Силе лојални на Салех, во Сана ги гранатирале позициите на приврзаниците на верскиот бунтовнички лидер Садик Ал Ахмар. Од почетокот на протестите во Јемен во јануари, досега загинале над 350 луѓе, а во последниве денови насилствата ескалираат.
XS
SM
MD
LG