Достапни линкови

Ветувања се поделија, што ќе се исполни?


Кампањата завршува, партиите поделија разни ветувања, но што од тоа ќе се реализира после изборите?

Новата влада, без разлика кои партии ќе ја формираат, ја чека многу работа. Треба да се справи со лошата еконмска состојба, да ја намали невработеноста, да го подобри животниот стандард, да го реши спорот со Грција со името и да ги започне преговорите со Европската унија. Граѓаните што ги анкетиравме за нашата рубрика Хајд Парк велат дека сакаат подобар стандард и вработувања.
Да се покачи платата, да се подобри стандардот.

„Да се покачи платата, да се подобри стандардот.“

„Прво треба фабрики да се отворат, додека економијата не се крене, ништо.“

На овие парламентарни избори, во програмите на партиите доминираат економските ветувања во кои се води вистинска лицитација. Ако ВМРО-ДПМНЕ во својот манифест ветува инвестиции кои во наредните години ќе растат со стапка од 7 – 10 % годишно и до крајот на 2015 година треба да достигнат до 30 проценти од бруто домашниот производ, СДСМ, пак, ветува дека истите ќе достигнат до 31 процент.

За граѓаните најбитна економијата

Администрацијата за која Европската унија во сите извештаи не предупреди дека е обемна и партизирна доби ветување за поголема плата. Од СДСМ, која со години се приклучуваше на оваа критика, доби ветување дека платата на административците ќе биде поврзана со она што се случува во македонската економија, па така, ако економијата има реален пораст од 6 отсто, догодина вработените ќе земаат плата повисока за 3 проценти. Нивниот опонент ВМРО-ДПМНЕ, пак, им ветува зголемување од 5 проценти во наредните две години и 10 во 2014-та.
Прво треба фабрики да се отворат, додека економијата не се крене, ништо.

И пензионерите се дел од веселата математика. Лидерот на владејачката партија Никола Груевски од митинг порача дека пенизонерите никогаш не биле посреќни.

„Оваа влада го направи сето она што го ветуваше, во минатото ниту еден пензионер не се сеќава да има зголемување на пензијата кога на власт биле СДСМ.“

И лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски зборува во име на пензионерите.
Оваа влада го направи сето она што го ветуваше, во минатото ниту еден пензионер не се сеќава да има зголемување на пензијата кога на власт биле СДСМ.

„Јас ви гарантирам дека 99% од пензионерите се подготвени да им ги вратат тие 600, 700, 800 денари назад, ама под еден услов, да се врати цената на лебот, на брашното, на зејтинот, на шеќерот, на нивото кое беше пред пет години.“

Во програмата на СДСМ дека хидроелектраните Чебрен и Галиште ќе бидат изградени со доминантно учество на државата и со странски кредити. Кандидатот за премиер на СДСМ Радмила Шеќеринска на митинг порача ќе ја смени праксата на лажни ветувања.

„Меѓутоа оваа држава мора да гради патишта и електрани, после шест
години лажни ветувања за изградба на хидроенергетскиот систем Чебрен и Галиште стојам пред вас и ви ветувам, ова ќе биде еден од нашите главни приоритети.“

Еден ден подоцна, претставници на 10- те странски компании кои влегле во потесниот круг за изградба на хидроцентралите Чебрен и
Јас ви гарантирам дека 99% од пензионерите се подготвени да им ги вратат тие 600, 700, 800 денари назад, ама под еден услов, да се врати цената на лебот, на брашното, на
зејтинот.
Галиште беа на презентација во македонската Влада за да се запознаат со тендерските услови.

Министерот за финасии Зоран Ставрески најави и инвестиција во индустриската зона Жабени, која две години од отварањето чека инвестирот и се посреќи пред избори.

„Тоа е една голема инвестиција значајна за пелагонискиот крај за Битола, за Прилеп, за сите населени места бидејќи ветува вработување на над две илјади луѓе кога ќе биде во полна форма фирмата.“

Помали даноци и придонеси, субвенции за станови, исплата на камати, изградба на патишта, училишта, енергетски објекти, бенефиции за малите бизниси, странски инвестиции и брз економски раст. Се е во игра, само да се добијат што повеќе гласови.

Што треба да биде приоритет на новата влада? Погледнете го видеото и кометирајте тука.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG