Достапни линкови

Се во функција на мирни избори


Седум илјади полицајци ќе бидат распоредени во близина на избирачките места

Подготовките за обезбедување регуларни и мирни избори на 5 јуни се веќе завршени, информираат од МВР. Во недела ќе почне втората фаза, која значи обезбедување на гласачките места и целиот изборен процес, а плановите се изготвени и веќе се распоредени полициските службеници, односно секој знае кога и каде треба да обезбедува, изјави портпаролот Иво Котевски:
Завршена е и обуката на сите седум илјади полициски службеници така што истите точно знаат кои се нивните задачи, кои се нивните законски овластувања и како треба да постапуваат во конкретен случај.

„Завршена е и обуката на сите седум илјади полициски службеници така што истите точно знаат кои се нивните задачи, кои се нивните законски овластувања и како треба да постапуваат во конкретен случај.“

Полициските службеници ќе бидат распоредени во близина на избирачките места еден час пред отворањето на гласачките кутии однсно во 6 наутро, а таму ќе останат до 19 часот. Поголем дел од избирачките места ќе бидат под постојано полициско обезбедување, а според проценките еден дел ќе бидат патролно покривани. Останува и обврската околу заштитата на пребројувањето на гласовите, повторната дистрибуцијата на гласачкиот материјал до општинските изборни комисии.


На политички план, она што ги одбележува последните денови до кампањата е продолжување на меѓусебни партиски обвинувања за загриженост од сценарија за немири или фалсификати. Вчера, ВМРО-ДПМНЕ кажаа дека СДСМ има сценарио за оцрнување на изборите, а во најголемата опозициска партија посочија дека партиски полслушници ќе ги интензивираат злоупотребите на власта.

Зоран Заев повтори дека манипулација се вчершните тврдења на ВМРО-ДПМНЕ дека СДСМ наредил нивни „Чувари на победата“ во најмалку три избирачки места да почнат со нивната акција:
СДСМ останува посветен на својата примарна цел да има фер и демократски избори, секундардна цел за нас е тоа дали ќе победиме. Заради тоа сите наши активисти имаат јасна препорака секоја можна инцидентна појава веднаш да ја
избегнуваат.

„СДСМ останува посветен на својата примарна цел да има фер и демократски избори, секундардна цел за нас е тоа дали ќе победиме. Заради тоа сите наши активисти имаат јасна препорака секоја можна инцидентна појава веднаш да ја избегнуваат, веднаш да го напуштаат местото и да се повлекуваат, без разлика дали е испровоцирана намерно или не од нашите политички противници.“

Тахир Хани од ДУИ изјави дека и нивната партија работи на тоа изборите да поминат фер и демократски и граѓаните да одберат партија која ќе ги претставува во наредните четири години:

„Нашиот лидер Али Ахмети без разлика на минатото му подаде рака на Мендух Тачи за фер и демократски избори, тоа е нормално во една демократски развиена држава.“

И мисите на меѓународната заедница ги повика политичките партии да се осигурат дека изборите ќе бидат во согласносот со меѓународните стандарди, а сите партии потпишаа Кодекс за фер и демократски избори.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG