Достапни линкови

logo-print

Апсењето на Младиќ отвора простор за дијалог на Балканот


Апсењето на Ратко Младиќ создаде простор за дијалог кој треба да го замени крвопролевањето на Балканот, а ЕУ во тоа ќе одигра своја улога, смета високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон.
Неговото апсење ги потсетува масовните убијци насекаде во светот дека нема да бидат дозволени нивните злосторства и ја покажува желбата на Претседателот Борис Тадиќ да ја внесе Србија во Европската Унија, пишува Ештон во авторскиот текст за британскиот весник „Гардијан“.
XS
SM
MD
LG