Достапни линкови

Можно намалување на кредитниот рејтинг на три американски банки


Агенцијата за рејтинг „Мудис“ соопшти дека ги разгледува состојбите во Банката на Америка, „Ситигруп“ и „Велс и Фарго“ , банки чиј кредитен рејтинг може да биде намален. Институциите до сега имаа висок рејтинг според класификацијата на „Мудис“ но тоа е под претпоставка дека власта ќе спречи евентуален крах на банките во услови на криза. Таквата претпоставка, според рејтинг агенцијата, веќе не може да се смета за вистинита. Во соопштението од агенцијата се наведува дека федералните власти „не сакаат да ’извлекуваат’ ни големи, систематски важни банкарски групации“.
XS
SM
MD
LG