Достапни линкови

Хакери повторно ги нападнаа системите на „Сони“


илустрација: лаптопот на „Сони“ со тродимензионален дисплеј

илустрација: лаптопот на „Сони“ со тродимензионален дисплеј

Хакери ги нападнаа системите во „Сони“, украдоа стотици лозинки на адреси за електронска пошта и други информации. Хакерската група која себе си се нарекува „LulzSec“ соопшти дека извела напад со цел да го обелодени „срамното обезбедување на Сони“. Од корпорацијата изјавија дека се свесни за соопштението на хакерската група и дека во тек е истрага за случајот. Во Април годинава хакери го пробија системот на „Сони Плеј Стејшн“ и украдоа податоци од повеќе од 77 милиони „акаунти“.
XS
SM
MD
LG