Достапни линкови

Дневен печат


Нападот врз Шеќеринска, валкан финиш на кампањата, државни службеници меѓу т.н. митингари - дел од темите во дневните печатени изданија.

Во средата, доцна вечерта, директно во вестите на А1ТВ - кандидатот за премиер на СДСМ, Радмила Шеќеринска кажа дека на враќање од митингот во Прилеп, по пат била нападната од луѓе во непознат автомобил, што го попречувал патот на возилото во кое таа со своите соработници се враќале во Скопје и од него фрлале пластични шишиња во нивни правец. Веста ја објавува и Дневник, во своето најново електронско издание. Утрински констатира дека „Предизборната
„Шетам по градови и викам на митинзи“ е насловот на текстот во Нова Македонија.

кампања влезе во валкан финиш“ и цитира политички аналитичари кои сметаат дека никогаш досега сме немале толку валкана кампања. „Во пресрет на 5 јуни се засилуваат притисоците врз опозицијата“, пишува Време.

„Шетам по градови и викам на митинзи“, е насловот на текстот во Нова Македонија, во кој се наведува дека меѓу таканаречените професионални митингари најмногу има млади членови на партијата(не се наведува од која), државни службеници што се оддолжуваат за вработувањето и невработени. Еден автобус за транспорт на митингарите чини помеѓу 100 и 300 евра, наведува Нова
Вечер, пак, наведува дека „Македонија доби европска
гинекологија“.

Македонија.

Вечер, од своја страна, информира дека „СДСМ има сценарио за непризнавање на изборните резултати“.

Дневник предвидува дека главната битка ќе се води во Скопје и дека односот на граѓаните кон капиталните проекти што се ветуваат, прават и направија во оваа изборна единица да се случи изборен труимф на некоја од партиите.

Утрински информира дека новата гинекологија во Скопје, чие свечено отворање пред некој месец беше закажано, па одложено, сега е пуштена, но само за сликање, затоа што не е комплетирана технички и градежно и с'е уште нема да прима пациентки.
Утрински информира дека новата гинекологија во Скопје, чие свечено отворање пред некој месец беше закажано, па одложено, сега е пуштена, но само за сликање.

И Време го забележува овој настан со наслов: „Груевски предизборно ја породи гинекологија“. Вечер, пак, наведува дека „Македонија доби европска гинекологија“.

А граѓаните и стопанствениците „Шокирани од новите податоци на државниот завод за статистика, според кој во државава тече мед и млеко“, како што пишува Време: според Статистика, прометот во трговијата се зголемил за 20 проценти, индустриското производство за 11,8 проценти,а растеле и платите...

И како шлаг на сета предизборна понуда, речиси сите медиуми ги објавија тајните документи од Стејт департментот, што преку Викиликс стигнаа до јавноста: Али Ахмети му се жалел на американскиот амбасадор Рикер од Груевски.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG