Достапни линкови

logo-print

Пред изборниот молк, партиите ја користат последната шанса за да го нападнат противникот. Се обвинуваат за криминал, нелегален имот, злоупотреба на буџетот...

Политичката кампања е на самиот финиш. Се бројат часови до изборниот молк. Како се ближи крајот на кампањата, тензиите растат, политичарите веќе не бираат инструменти со кои го напаѓаат противникот, се вади и последниот адут од ракав – обвинувања за
Дали и каква врска има ова патување со купувањето на стан во Прага на 19 декември 2009 година кое се поврзува со името на Надежда Груевска. Дали патува службено или за фамилијарните бизнис потреби во Чешка ги злоупотребува народните пари и буџетот на МВР.

криминалните дејствија на противникот.

СДСМ посегна по „крупната артилерија“, на само два дена пред крај на кампањата обвинија дека директорот на управата за државна безбедност и контраразунавање Сашо Мијалков злоупотребил државни пари за приватни патувања. Портпаролот на изборниот штаб на СДСМ, Гордан Георгиев презентира фактури, според кои друштво му правела мајката на премиерот.

„Дали и каква врска има ова патување со купувањето на стан во Прага на 19 декември 2009 година кое се поврзува со името на Надежда Груевска. Дали патува службено или за фамилијарните бизнис потреби во Чешка ги злоупотребува народните пари и буџетот на МВР. Дали премиерот повторно се обидел да прикрие некој свој стан.“

За ваквите наводи, пред неколку месеци Обединети за Македонија доставија до Антикорупсциката комисија дека Мијалков има имот во Чешка, случај кој комисијата го затвори како неоснован. На ова следува и писмено соопштение од ВМРО-ДПМНЕ, во кое е наведено дека СДСМ го прави ова од страв дека ги губи изборите.

Изборната кампања, финишира

Но тоа не е се, СДСМ со документи од катастар в рака прашаа дали министерот за надворешни работи Антонио Милошоски поседува куќи во елитниот дел на скопската населба Бардовци. Милошоски, пак, на ова кусо изјави дека се што има како имот пријавил во анкетниот лист.

И ВМРО-ДПМНЕ не останаа покуси во обвинувањата, изразија, како што велат, основан сомнеж дека Радмила Шеќеринска преку нејзината золва извлекувала пари од Секретаријатот за евроинтеграции.
Најавувано е до членовите на СДСМ дека треба да се подготвуваат за бунтување, непризнавање на резултатите и организирано доаѓање во Скопје.

Портпаролот на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, на прес-конференција, ги сподели со јавноста информациите кои стигнале до нив дека СДСМ подготвува сценарио за бунт.

„Најавувано е до членовите на СДСМ дека треба да се подготвуваат за бунтување, непризнавање на резултатите и организирано доаѓање во Скопје.“

По вообичаената пракса, на ова следуваше писмена рекција на СДСМ во која се вели дека „ДПМНЕ во паника и очај го напаѓаат Социјалдемократскиот сојуз на Македонија за нешто што тие самите го готват во својата црна кујна.“

На митинизите се најавуваат и списоци за апсење по 6-ти јуни.

Младите сили на политичките партиите прават пародии со противниците, во медиумите се објавуваат и фотографии на деца на кои им се дели пропаганден материјал во училишта.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG