Достапни линкови

Турција-осудени полицијаци во врска со убиство на ерменски новинар


Жена држи транспарент со убиениот новинар

Жена држи транспарент со убиениот новинар

Турскиот суд денеска изрече затворски казни од четири до шест месеци на неколку полицијаци заради небрежност во врска со убиствoто на еден новинар со ерменско потекло. Новинарот бил убиен пред канцеларијата нa весникот во кој работел во 2007-та година. Полицајците биле на должност кога група млaди разбојници го убиле новинарот. Според обвинителството полицијата добила дојава дека се заговара убиство нa новинарот Хрант Динк . Новинарот водеше кампања за помирување меѓу Турците и Ерменците. Во септември, минатата година, Европскиот суд за човекови права пресуди дека турските власти не успеале да преземат соодветни мерки за заштита на Динк.
XS
SM
MD
LG