Достапни линкови

Грција ќе треба да го намали буџетскиот дефицит


Грција да го намали буџетскиот дефицит за 2011 за 6,4 милијарди евра , се договориле грчките власти и меѓународните експерти. Премиерот на Грција Јоргос Папандреу на утрешната средба со претседателот на Еврогрупата Жан-Клод Јункер треба да ги претстави основните насоки од владиниот план за намалување на буџетскиот дефицит. Претставници на Европската унија, на Меѓународниот монетарен фонд и Европската централна банка претстојуваат во Атина од почетокот на мај. Тие проверуваат дали грчката Влада ги исполнила условите неопходни за доделување на петтата транша од планот за спас на земјата.
XS
SM
MD
LG