Достапни линкови

Казни за радиодифузерите прекршителите на изборната регулатива


Советот за радиодифузија донесе одлука да се поведат мерки против прекршителите на изборната регулатива. Прекршочни пријави ќе добијат телевизиите, Канал 5 и БТР затоа што одвоиле повеќе од 10 минути за платена политичка програма на реален час за еден организатор на изборена кампања. Сител ќе добие прекршочна затоа што објавиле резултати од анкета по рокот (анкети можат да се објавуват најдоцна 5 дена пред изборниот ден). Тв Ирис ќе се казни затоа што не означиле дека станува збор за политичко рекламирање. А поради помали прекршувања се упатени и укажувања до повеќе радиодифузери.
XS
SM
MD
LG