Достапни линкови

Филипини:да се спречат притисоци врз жените за гласањето


Амбасадорката на Холандија во Македонија Симоне Филипини

Амбасадорката на Холандија во Македонија Симоне Филипини

Амбасадорката на Холандија во Македонија Симоне Филипини изјави дека слушнала од жените со кои се среќава дека имаат потешкотии слободно да го дадат својот глас, и дека врз нив се прават притисоци. Таа порача да се обрне внимание на таквата појава и ако ја има да се спречи. Таа во рамки на кампањата „Фер избори“ се сретнала со жени од Врапчиште и од Гостивар. Филипини очекува во недела да има слободни и демократски избори кои ќе им овозможат на луѓето да гласаат онака како што сакаат.
XS
SM
MD
LG