Достапни линкови

Изборите ја зголемија инфлацијата


Партиите трошат, а народот се потешко живее

Партиите трошат, а народот се потешко живее

Владините трошоци во текот на изборната кампања, но и намалената потрошувачка од страна на граѓаните влијаат на зголемување на инфлацијата.

Владиното трошење ја подгрева инфлацијата, а по цехот од предизборната кампања можно е ново „распалување“ на цените, сметаат упатените. Граѓаните, пак, велат дека тешко се живее во скапотија:
Не може да се купат основните производи, млеко, леб, а не пак сирење, кашкавал и такви работи.

„Многу тешко. Јас имам мала плата, мизерија, многу тешко живееме. Мажот ми е стечаец никаде не работи, тоа е што да ви кажам друго.“

„Не може да се купат основните производи, млеко, леб, а не пак сирење, кашкавал и такви работи.“

Од пензијата се преживува?

„За леб само, а за друго нешто, не.“

Од власта неретко посочуваа дека инфлацијата е увезена од странство.

Народот, посебно пред избори, не троши, но затоа владините расходи го предизвикуваат поскапувањето, објаснува економскиот аналитичар Висар Адеми:
Сега се троши на големо и има недостаток од свежи пари во економијата и затоа има еден нов момент каде што НБРМ не може да ја држи под контрола таа
инфлација.

„Поради тоа што сега се троши на големо и има недостаток од свежи пари во економијата и затоа има еден нов момент каде што Народната банка не може да ја држи под контрола таа инфлација.“

Трошоците за предизборната кампања може да предизвикаат дополнително поскпаување, вели Адеми и појаснува:

За митинзите се трошат и по 100 илјади евра.

„Затоа што еве сега слушаме дека еден митинг на ВМРО-ДПМНЕ чини околу 100 илјади евра, ако толку трошат за еден митинг и не само ВМРО-ДПМНЕ, туку и СДСМ и другите партии, ќе снема пари, а потрошувачката обично за време на избори затоа што луѓето не купуваат и нема свежи пари во економијата, а кога нема свежи пари во економијата доаѓа од инфлација.“
Слушаме дека еден митинг на ВМРО-ДПМНЕ чини околу 100 илјади евра, ако толку трошат за еден митинг и не само ВМРО-ДПМНЕ, туку и СДСМ и другите партии, ќе снема пари.

Кон ова и проценката во извештајот „Мој Избор 2011“, според кој власта потрошила десет пати повеќе пари од опозицијата за промоција во предизборието. Кој и да биде на власт по изборите би требало да се посвети на комплетно реструктурирање на економијата, вели Адеми.

„Да се финансираат активности од страната на побарувачката, а не од страна на понудата. Досега ние даваме субвенции, ама никој не дава општ отчет, што е направено од тие субвенции.“

Се проценува дека инфлацијата во мај надминала пет проценти во споредба со лани, што фрла сенка на официјалните проекции за општ раст на цените од два до три проценти на годишно ниво.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG