Достапни линкови

logo-print

Светот ја згуби војната против дрогата


Светот ја загуби војната против дрогата и владите би требало да разгледаат легализација на марихуаната и на другите контролирани супстанци. Ова е заклучокот во новиот извештај на Глобалната комисија за политика на наркотиците. Комисијата бара воспоставување политика која би се базирала врз докажани методи за намалување на криминалот, а која би водела кон подобро здравје и до економски и социјален развој. Во Комисијата, меѓу другите, членуваат поранешниот генерален секретар на Обединетите нации Кофи Анан, екс американскиот официјален претставник Џорџ Шулц и поранешни претседатели на Мексико, Бразил и Колумбија.
XS
SM
MD
LG