Достапни линкови

Русија го забрани увозот на зеленчук од земјите од ЕУ


Русија денеска го забрани увозот на свеж зеленчук од земјите од ЕвропскатаУнија поради заразата со бактеријата на ешерихија коли.Во меѓувреме ЕвропскатаУнија го укина предупредувањето за шпанските краставици за кои се сметаше дека се извор на потенцијално смртоносната зараза со ешерихија коли, соошти синоќа шпанското минстерство за здравје.По соопштението дека краставиците од Шпанија не се причина за заразата,стручњаците предупредуваат дека е можно воопшто да не биде утврдено како дошло до ширење на бактеријата на ешерихија коли,при што не се исклучува можноста дека изворот треба да се бара во процесот на транспорт на зеленчукот.Во Германија досега се забележани околу 1500 случаи на заразени, а починаа 15 лица.
XS
SM
MD
LG