Достапни линкови

Македонија на Венециското биенале


Во Венеција денеска свечено ќе биде отворен Македонскиот павилјон во рамки на 54. Интернационално уметничко Венециско биенале, што ќе се одржи од 4 јуни до 27 ноември. На 54. Биенале на современата уметност во Венеција годинава учествуваат 82 уметници од 88 земји. Националната галерија на Македонија со групата „Зеро“ и проектот „Досие Шлепер“ и Центарот за култура „Марко Цепенков“ - Прилеп со проектот „Прескок“ на скулпторот Жарко Башески, ќе ги изложат своите дела во палатата Песаро Папафава.
XS
SM
MD
LG