Достапни линкови

Јубилејно издание на „Оф Фест“


Дуото Амаду и Маријам од Мали, меѓу учесниците на Оф Фест
Дуото Амаду и Маријам од Мали, меѓу учесниците на Оф Фест

Од 2 до 7 јуни, со учество на уметници од Франција, Бразил, Мали, Шпанија, Кореја и од Македонија, ќе се одржи 10-то, јубилејно издание на Оф-фест.

Создаден со идеја не само за прочистување на програмата на веќе етаблираниот Скопски џез фестивал, туку и како заложба за се поопфатно претставување на културите и музиките на народите во светот и промоција на современата македонска звучност, Оф-фест во изминатава декада израсна во едно од големите и значајни случувања во регионов. Едно од оние по кои се препознава грижата за сопствената традиција и потребата да се чествуваат творештвото и различностите. Наедно растот на Оф-фест како манифестација на една поинаква звучност се поклопи со ерупцијата на глобален интерес за овој тип на т.н светска музика, која е сочинета од бројни стилови и која всушност беше бележана како највозбудливата понуда во перидот на прекршувањата на столетијата. Тоа, пак, од своја страна, претпоставува дека во Скопје досега имавме можност да ги видиме и чуеме феноменалните Цезариа Евора, Дејвид Брн, Пети Смит, МАДРЕДЕУШ, Сузана Бака, Елијадес Очоа, Мариза, Афел Бокум, МАСИВ АТАКТ, СПИРИЧУЛАЈЗ, МЕРКУРИ РИВ, ГОТАН ПРОЏЕКТ, ГЕНГ ОФ ФОУР, Бебел Жилберто, Маркос Вале, Виукс Фарка Туре...нашите ФОЛТИН, Дуке Бојаџиев, ЉУБОЈНА...се на се плејада на имиња без кои воопшто не може да се замисли мултикултурната музичка разгледница на денешнината. Од таму не случајно Оливер Белопета, како идеен творец и организатор на фестивалот, забележува дека:
За крај на фестивалот претставување и на Зоран Маџиров

„Во овa деценија токму ова е нешто најкреативно што се случува на музичко поле. Се разбира дека е последица и на глобализација во светот и поврзување на музички план на сите континенти и помали земји.“

Оф-фест годинава ќе започне со полифонискиот вокален ансамбл А ФИЛЕТА од Корзика, Франција, чија интерпретација се одликува со длабоко и емотивно понирање во традицијата и жестокост која само ним им прилега, а првата вечер ќе биде заокружена со перформансот на еден од најголемите гении на
Во овa деценија токму ова е нешто најкреативно што се случува на музичко поле. Се разбира дека е последица и на глобализација во светот и поврзување на музички план на сите континенти и помали земји.
бразилската музика на сите времиња – гитаристичкиот виртуоз Јаманду Коста. Следува, ноќ на силна промоција на музиката на Мали со два сосема различни претставника на тамошната мошне витална и квалитетна сцена – ТЕРАКАФТ како автентичен пустински рок бенд кој овде ќе го промовираат својот штотуку објавен албум и дуото Амаду и Маријам, слепите сопружници кои соработувајќи со творци како Ману Чао, Дејмон Албарн и други, станаа интернационално најголемите ѕвезди од Африка кои продаваат милиони плочи без да се простата од својата автентичност.

Следува средба со моќната и страсна пејачка, гајдаџика и виртуоз на удиралки Шпанката Мерцедес Пеон. Таа традиционалната музика на Галиција ја транспонира во сегашноста, а со сличен сентимент треба да се претстават и нашите БАКЛАВА кои концертно промовирајќи го својот трет албум Me Mankas Mucho ќе не поведат кон својот светоглед каде македонската, балканската традиција ја соочуваат со онаа на земјите населувани од Сефардите.

Конечно, за крај на манифестацијата се оставени НОРЕУМ МАЧИ од Кореја кои изведуваат виртуозна перкусивна музика, шамански рефрени и акробатски танци и македонскиот музичар и номад Зоран Маџиров, со неговиот досега најоригинален и најинтимен проект Roots On A Roof – Balkano Nuevo.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG