Достапни линкови

logo-print

Сеп Блатер реизбран за уште еден мандат на чело на ФИФА


Блатер на конференцијата во Цирих

Блатер на конференцијата во Цирих

Светската фудбалска федерација соопшти дека Сеп Блатер ќе ја врши функцијата претседател уште 4 години. Седумдесет и пет годишниот Блатер доби подршка од 186 делегати од вкупно 203 -те ,колку што остаа да присуствуваат на конференцијата во Цирих. По денешното гласање Блатер изјави, дека ќе ја врати ФИФА на вистинскиот пат. За тоа ќе треба малку време , но ќе го направиме тоа, изјави Блатер. Некои фудбалски федерации бараа денешното гласање да се одложи бидејќи Блатер е единствен кандидат. Неговиот противкандидат Мухамед Бин Aмам се повлече и беше суспендиран од етичкиот комитет на ФИФА поради обвинението дека давал поткуп на некои луѓе за да ја подржат неговата кандидатура. Блатер е на чело на ФИФА од 1998 година.
XS
SM
MD
LG