Достапни линкови

logo-print

ДИК не разреши 6 членови на изборни комисии


Претседателот на ДИК Борис Кондарко

Претседателот на ДИК Борис Кондарко

Државната изборна комисија не им го прифати барањето на шест членови на изборни комисии кои поднеле барање да бидат повлечени од функцијата. Иако за одлуката гласале тројца членови на ДИК, таа не е усвоена бидејќи не е донесена со мнозинство гласови. Претседателот на ДИК, Борис Кондарко вели дека барањата за разрешување не се во согласност со Изборниот законик, но луѓето треба да се разрешат бидејќи се роднини, членови на семејства на кандидат за пратеник или на некои други финкции кои фрлаат сомнеж за субјективноста во изборните органи. ДИК ја прифати претставката на СДСМ и донесе одлука да поведе прекршочна постапка бидејќи веб-порталот „Курир“ вчера објавил резултати од спроведена анкета на јавно мислење, што е спротивно на законот бидејќи законскиот рок истече на 30 мај на полноќ.
XS
SM
MD
LG