Достапни линкови

Туркменистан донесе нов закон за избор на претседател


Претседателот на Туркменистан

Претседателот на Туркменистан

Туркменистан донесе нов закон за избор на претседател на земјата, јавуваат тамошните медиуми. Според новиот закон претседателскиот кандидат мора да има подршка од некоја политичка партија или да собере 50 илјади потписи за да се регистрира. Но притоа медиумите не споменуваат дека во земјата има само една регистрирана партија-Демократската партија на Туркменистан, која порано беше Комунистичка партија на Социјалистичка Република Туркменистан, на чие чело е претседателот на земјата Гурбангулу Берџмукамедов. Донесувањето на новиот закон може да значи дека Туркменистан се подготвува за избори пред оние кои се закажани за во 2012-та.
XS
SM
MD
LG