Достапни линкови

Полските војници ослободени од обвиненијата за Авганистан


Полски војници на аеродромот во Кабул

Полски војници на аеродромот во Кабул

Седумте полски војници обвинети за воени злосторства во Авганистан, денеска во судот во Полска се прогласени за невини. Ова е прво судење за воени злосторства на европски трупи кои се бореле со Талибанците. Судијата изјавил дека обвинителите не покажале доволно докази со кои се покажува дека војниците сториле воени злосторства. Шест цивили загинале кога војниците почнале да пукаат во нив во селото Нангар Кел во југоисточен Авганистан. Обвинителите тоа го оцениле како „смислено дело“ и побарала од 5 до 12 години затвор за војниците. Војниците велат дека одговориле на нападите на Талибанците.
XS
SM
MD
LG