Достапни линкови

Се во функција на изборите


Од еден од поранешните протести на работниците во организација на ССМ. Дел од членството не ја поддржува средбата на претседателот Митревски со премиерот Груевски
Од еден од поранешните протести на работниците во организација на ССМ. Дел од членството не ја поддржува средбата на претседателот Митревски со премиерот Груевски

Синдикатот, разни земјоделски здруженија и здруженија на стечајците, деновиве предизборно се приклонуваат до власта или опозицијата. Чии интереси штитат?

Лидери на синдикални организации изразуваат предизборна подршка за владејачката коалиција, земјоделски здруженија потпишуваат манифест на владеачката партија, а претставници на стечајни здруженија се појавуваат на опозициски реклами. Организации кои во теорија би требало да се
Треба да се смета како една форма преку која се врши влијание за сегашните избори. Сигурно дека настојуваат по секоја цена да се обезбеди и соодветен број на гласови за политичките партии кои се на власт и кои претендираат, кои сметаат дека потоа ќе ги добијат изборите.
невладини, предизборно се врзуваат со власта или опозицијата, па од тука и прашањето, каква порака се испраќа до народот, од организации кои, барем формално, ги штитат интересите на работниците? Професорот Осман Кадриу појаснува:

„Треба да се смета како една форма преку која се врши влијание за сегашните избори. Сигурно дека настојуваат по секоја цена да се обезбеди и соодветен број на гласови за политичките партии кои се на власт и кои претендираат, кои сметаат дека потоа ќе ги добијат изборите.“

Очигледно е дека нема формален механизам со кои би се спречило искористувањето на овие организации, вели Кадриу и дополнува:

Протест на стечајците пред влада. ТИе што се офајдија се појавија во реклами на ВМРО-ДПМНЕ, они другите - на СДСМ.

„Државната изборна комисија, па и преку Антикорупциската комисија можат да се следат овие состојби, станува збор за мерки и активности кои го доведуваат во прашање изборниот процес, неговата регуларност и законитост, така што од тој аспект кога се анализира сигурно е дека преку овие две комисии што ги посочив, можат да се преземат соодветени мерки.“
Државната изборна комисија па и преку Антикорупциската комисија можат да се следат овие состојби, станува збор за мерки и активности кои го доведуваат во прашање изборниот процес, неговата регуларност и законитост.

Правникот Драге Јовановски, поранешен синдикален правен советник, вели дека работниците треба самостојно да одлучат кому ќе му ја дадат довербата.

„Тие самите ќе си одлучат за кого ќе гласаат, а овој концепт на вакво истапување во јавноста од страна на Сојузот на синдикати кој во овој случај е виновен, како и Живко Митревски, тоа е недозволиво и недопустливо.“

Јовановски потсетува на реакциите од Сојузот на Синдикатите на Македонија по изјавата на претседателот Живко Митревски:

„Не се сите вмровски настроени, туку веројатно тој избрзал и ова го направил самостојно. Ова треба да се третира како поединечна изјава која нема легитимитет, нема основ и нема поддршка од работничката класа во Македонија.“
XS
SM
MD
LG