Достапни линкови

Блатер бара уште еден мандат за претседател на ФИФА


Сеп Блатер побара уште еден мандат како прв човек на ФИФА и покрај барањата за одлагање на денешното гласање во Цирих, поради сомневањата за корупција. Блатер е единствен кандидат откако Мухамед Бин Хамам се повлече и беше суспендиран од етичкиот комитет на ФИФА поради обвинението дека давал поткуп на некои лица за да ја подржат неговата кандидатура. Некои фудбалски федерации, меѓу кои и англиската, на чие чело е принцот Вилијам, побараа изборот на претседател на ФИФА да биде одложен додека не бидат расчистени сите сомневања за корупција.
XS
SM
MD
LG