Достапни линкови

Поранешниот воен командант на босанските Срби, Ратко Младиќ, по вчерашната екстрадиција од Белград, ја мина ноќта во изолациона ќелија, стандарден третман за новодојдените во притворот на Хашкиот трибунал. 69-годишниот Младиќ, се очекува, за неколку дена да се појави пред Трибуналот за да се изјасни во врска со обвинувањата за воени злосторства во Босна и Херцеговина.

На првото појавување пред Хашкиот трибунал, Ратко Младиќ може да одбие да се изјасни за обвинувањата со што ќе го продолжи рокот за официјално изјаснување за еден месец.

Младиќ веќе изјави дека не го признава авторитетот на Меѓународниот суд.

Екстрадицијата од Србија следуваше за помалку од една недела откако тој беше уапсен по 16 години бегство.

Специјалниот суд во Белград ги отфрли и жалбите на неговото семејство и на неговиот адвокат дека поради лошата здравствена состојба тој не треба да биде префрлен во Хаг.

Младиќ беше најбараниот бегалец на Трибуналот и тој е обвинет за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото за маскарот на околу 8 илјади муслимани во Сребреница и за четиригодишната крвава опсада на Сараево.


Масакрот во Сребреница се смета за најголемото злосторство во Европа по Втората светска војна.

„Со екстрадицијата на Ратко Младиќ на Хаг, Република Србија ја исполни моралната и меѓународната обврска. Нашата акција претставува јасна потврда дека Србија искрено е посветена на исполнување на соработката со Хаг“, изјави српската министерка за правда Снежана Маловиќ.
И ова е едно реалити шоу кое бесплатно се емитува дење и ноќе, а чија цел е да се избегне вистинската тема, односно каде бил Ратко Младиќ во последните десет години, кој го криел, кој ги убил гардистите во Топчидер и која била вистинската улога на државата во криењето на
Младиќ.

Со години се тврдеше дека ултранационалистичките фракции во Србија му даваат засолниште на Младиќ.

Некои се уште велат дека тој е херој. Меѓу нив е и босанскиот Србин, Ненад Батковиќ, кој учествуваше на протестот за поддршка на Младиќ во Бања Лука.

„Младиќ е мојот симбол на слободата. Младиќ е непобедлив херој. Тој е вечен за Република Српска. Не го даваме.“

Апсењето на Младиќ беше предуслов за поголемо приближување на Србија кон Европската унија.

Впрочем, еврокомесарот за проширување Штефан Филе оцени дека со тоа е отстранета голема пречка за Србија на патот кон Унијата.

За многумина, екстрадицијата на Младиќ е и уште потег кон потребното помирување на Балканот.

Од протестот за поддршка на Ратко Младиќ во Бања Лука

Претседателот на Европскиот парламент Јержи Бусек за весникот Волстрит Џурнал пишува дека апсењето на Младиќ претставува совршена можност за стабилизација на регионот.

И додека Трибуналот се подготвува за почеток на неговото судење, остануваат отворени прашањата за тоа како Младиќ успевал да се крие толку долго време.

„Значи и ова е едно реалити шоу кое бесплатно се емитува дење и ноќе, а чија цел е да се избегне вистинската тема, односно каде бил Ратко Младиќ во последните десет години, кој го криел, кој ги убил гардистите во Топчидер и која била вистинската улога на државата Србија во криењето на Ратко Младиќ“, вели српскиот социолог Иван Кузминовиќ.

По апсењето на Младиќ минатата недела, српскиот претседател Борис Тадиќ изјави дека била во тек истрага против сите кои му помагале на Младиќ да бега од Хашкиот трибунал.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG