Достапни линкови

Асад објави општа амнестија во Сирија


Башар ал Асад

Башар ал Асад

Сирискиот претседател Башар ал Асад објави општа амнестија која ги опфаќа сите политички затвореници. Како што јави државната телевизија, амнестијата се однесува на сите кривични дела сторени до 31 мај и таа би можело да опфати околу 10 илјади луѓе кои, според активистите, се уапсени за време на двомесечните протести во земјата. Групите за заштита на човековите права наведуваат дека повеќе од 1000 демонстранти се убиени во суровиот обид на владините сили да го задушат народниот бунт.
XS
SM
MD
LG