Достапни линкови

Принцот Вилијам бара одлагање на изборот на челник на ФИФА


Британскиот принц Вилијам, кој е на чело на англиската фудбалска асоцијација, ги поддржа повиците за одлагање на гласањето за претседетел на ФИФА, закажано за денеска во Цирих, на кое се очекува реизбор на Сеп Блатер на оваа функција. Повиците за одлагање последните неколку дена беа засилени поради корупциските скандали што ја потресуваат светската фудбалска асоцијација. Сепак, се очекува изборот на претседател на една од најмоќните организации во светот да се одржи, бидејќи за тој да биде одложен потребна е поддршка од најмалку 75 насто од делегатите на Конгресот на ФИФА.
XS
SM
MD
LG