Достапни линкови

logo-print

Обука на прилепските пожарникари


Вежба на противпожарната единица од Прилеп

Вежба на противпожарната единица од Прилеп

Невладината организација „Операција Флоријан“, во која членува експертски тим од Манчестер, спроведе тренинг на пожарникарите од Прилеп.

Прилепската Територијална против-пожарна единица ги исполнува сите европски стандарди за спасување повредени во сообраќајна несреќа. Невладината организација „Операција Флоријан“, која ја спроведе обуката, на единицата и подари и хидраулична опрема. Според тоа пожарникарите за период од еден час може да го отворат превртеното
Сметам дека пожарникарите овде, со опремата што ја имаат и по тренингот се подготвени да интервенираат не само во Прилеп, туку и на сите страни во светот. Ние сме воодушевени од стручноста и способноста на единицата да ја изведува оваа вежба.
возило, да ја пресечат каросеријата со хидраулични ножици, а потоа со клип да го извлечат повреденото лице. Вториот дел од тренингот се однесува на спроведување на прва помош кај повреденото лице, и според оценките на 5-члениот експертски тим од Манчестер, пожарникарите се едуцирани да интервенираат секаде во светот.

„Сметам дека пожарникарите овде, со опремата што ја имаат и по тренингот се подготвени да интервенираат не само во Прилеп, туку и на сите страни во светот. Ние сме воодушевени од стручноста и способноста на единицата да ја изведува оваа вежба. Кога дојдовме, веднаш забележавме дека ќе работиме со искусни пожарникари, кои многу добро си ја знаат работата, па ни беше задоволство да го изведуваме овој двонеделен тренинг“, изјави Дејв Симпсон, кој го предводи експертскиот тим на невладината „Операција Флоријан“.


Командирот на прилепската единица, Станко Колески, како услов за успешно завршениот тренинг и интервенција во иднина, го потенцира значењето на донираната опрема. Вели дека опремата не е толку скапа, колку што се големи бенефитите за единицата, но и за сите граѓани впрочем.

„Од огромна вредност гледајќи од наш аспект, зашто ние оскудеваме со таква опрема, и сега веќе имаме таква опрема, можеме слободно да работиме, а и граѓаните ќе можат да видат што значи за нас таа опрема.“

Противпожарната единица полека ги решава и другите проблеми. Возниот парк брои 6 проивпожарни и 2 теренски возила. За комплетна опременост недостига уште едно возило „скала“ за интервенции во
Со менувањето на водовната мрежа се поставија и огромен број на нови хидранти, значи тука имаме голема покриеност што се однесува до средството за гаснење.

високите катови на зградите.

„Ете тоа е малку поголем проблем, зашто ние немаме скала за височини, но имаме огромна соработка со битолската противпожарна единица и во кое било време доаѓаат и ја завршуваме работата.“

Единицита од неодамна располага и со мало теренско возило, па сега може да се интервенира и во сите околу 130 мали, тесни, тешко пристапни улици кои претежно ги има во стариот дел од градот, но и во дивите населби.

„Со менувањето на водовната мрежа се поставија и огромен број на нови хидранти, значи тука имаме голема покриеност што се однесува до средството за гаснење. Проблемот ни беше малото набавно возило, кое цело време го баравме, а веќе го добивме, кое носи поголема опрема. И каде што можеме да ги искористиме таквите хидранти во старата чаршија, во стариот дел на градот, па во дивите градби како што знаете, значи сега веќе можеме да кажеме дека немаме многу проблеми“, потнцира Колески.

Единицата треба и кадровски да се доекипира, па според законската регулатива и систематизацијата, недостигаат уште 18, покрај веќе ангажираните 35 пожарникари. Но, како што велат надлежните, и тој проблем ќе се реши во догледно време, што значи дека единицата ќе може да ја пружа соодветната заштита на преку 100.000 граѓани во поширокиот регион и тоа според европските стандарди.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG