Достапни линкови

logo-print

Ратко Младиќ во авион на пат кон Хашкиот трибунал


Ратко Младиќ

Ратко Младиќ

Ратко Младиќ е на пат кон Хашкиот трибунал, соопшти попладнево министерката за правда Снежана Маловиќ. Таа на прес конференција во Белград изјави дека според Уставот и законот на Србија и како министер за правда го потпишала решението за екстрадиција на Младиќ. Српските медиуми пишуваат дека на два пати полициски возила излегуваа од Специајлниот суд во Белград и се упатуваа кон аеродромот Никола Тесла. Судот утринава му ја одби жалбата на Младиќ. Тој беше уапсен минатата недела на српска територија по 16 години бегство. Обвинет е за геноцид и злодела против човештвото за време на војната во БиХ.
XS
SM
MD
LG