Достапни линкови

logo-print

Јемен-13 војници загинале во борбите со Ал Каеда


Во Јемен се убиени 13 војници во нападите за кои властите ја обвинуваат Ал Каеда, соопштуваат властите во Јемен. Шест војници загинале денеска во напад на воен контролен пинкт во градот Зинџибар , каде владините сили се борат со милитантите на Ал Каеда. Уште 5 војници загинале кога автомобил бомба влетал во конвој . Двајца војници загинале во борби со милитантите исто така во Зинџибар. Во меѓувреме продолжуваат борбите во главниот град на Јемен, помеѓу силите лојални на претседателот Салех и припадниците на племето Хашид.
XS
SM
MD
LG