Достапни линкови

Повеќедетните семејства на маргините


Државата вети парична помош за трето дете, но потоа голем дел од бенефициите се укинаа
Државата вети парична помош за трето дете, но потоа голем дел од бенефициите се укинаа

Не е мал бројот на повеќедетните семејства во државата кои се соочуваат со сиромаштија и покрај заложбите на владата за зголемување на наталитетот.

Дел од овие семејства се на маргините, без работа, социјални случаи и одвај ги прехрануваат децата. Примерот од периферијата на Битола говори дека некои од нив и во 21 век живеат без струја. Така семејството Акифовски со шест деца живее оддалечено на 15 километри од енергетскиот стожер РЕК „Битола“, а до нивната трошна куќа се уште не стигнала електрична енергија.

„Овде живееме 25 години без струја, децата без струја ги израснав, дел од нив без струја и средно завршија. Сега најмалото е второ одделение, струја нема и учи на свеќа. Некогаш на акумулатор го вклучуваме старото и мало телевизорче на него да погледаат троа телевизија. Струјата е донесена на 50 метри од тука, не е далеку, но никој не сака да ја донеси до овде. Ние немаме 20.000 евра да дадеме и да ја наместиме. Немаме работа“, вели Зура Акифовска.
Јас нема да гласам, многу сум разочаран. И од работа сум избркан, десетина души не испуштија од работа.[...] Не се излегува никако на крај, сметките не можеме дса ги доплатиме.

Во лоша ситуација е и семејството Цветановски во битолското село Кукуречани. Имаат пет деца, а никој во семејството не работи.

„Јас нема да гласам, многу сум разочаран. И од работа сум избркан, десетина души не испуштија од работа. Живееме само со туѓата нега што ја добиваме од државата како издршка за второто дете 4300 денари. Не се излегува никако на крај, сметките не можеме да ги доплатиме“, вели Златко Цветановски.

Македонија е држава во која со години опаѓаше наталитетот, со исклуок на последните две кога беше забележан благ пораст. Државата вети посебен паричен надомест за родителите што ќе родат прво, второ, трето и четврто дете, но потоа најголем дел од субвенциите се укинаа. Економската криза и обврските на работа воглавно се причините поради кои во последно време се повеќе брачни парови остануваат со едно или најмногу две деца.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG