Достапни линкови

Англија бара ФИФА да ги одложи изборите


Актуелниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер

Актуелниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер

Англиската фудбалска федерација денеска побара ФИФА да ги одложи изборите за претседател, закажани за утре, поради продлабочување на корупцискиот скандал. На изборите сега единствен кандидат останa актуелниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер. Неговиот противкандидат, Мухамед бин Амам, се повлече од трката и беше суспендиран од страна на ФИФА од сите фудбалски активности, додека трае истрагата за неговата вмешаност во корупциски зделки. За да се одложи утрешното гласање, предлогот треба да го подржат три-четвртини од 208-те фудбалски федерации кои треба да присуствува на конгресот на ФИФА, што започнува денеска во Цирих, Швајцарија.
XS
SM
MD
LG