Достапни линкови

До петок ќе се знае дали 11 кандидати за пратеници биле кодоши


Комисијата за лустрација се уште ги проверува 11 -те потенцијални соработници со тајните служби кои се на кандидатските листи за пратеници за претстојните парламентарни избори. Лустраторите во наредните два-три дена по проверката на нивните досијеа ќе излезат со конечни заклучоци.
„Се проверуваат податоците со кои располага Комисијата за 11-те кандидати за пратеници. Проверките би требало да завршат за два-три дена“, изјави денеска Томе Аџиев од Комисијата за лустрација.
Тој додаде дека Комисијата има сознанија дека 11 од кандидатите за пратеници од различни партии и мешана етничка структура имаат досијеа за соработка со тајните служби.
Од Државниот архив ја известиле Комисијата за лустрација дека 11-те кандидати за пратеници кои прв пат се кандидираат за оваа фиункција имаат документи за соработка со тајните служби.
XS
SM
MD
LG