Достапни линкови

ОКСФАМ - потребна е реформа на светскиот систем за храна


Милиони луѓе ќе се соочат со глад доколку светскиот систем за храна не се реформира, предупреди Оксфам.
Оваа британска група смета дека меѓународната заедница не се занимава доволно со овие ризици предизвикани од брзиот раст на популацијата и климатските промени.
Според извештајот, доколку нема промени во системот, за некои производи цените ќе се удвојат до 2030 што ке ги погоди сиромашните луѓе кои и онака генерално 80 насто од приходите трошат на храна.
XS
SM
MD
LG