Достапни линкови

И буџет по етничка основа?


Нелогичен и сосема погрешен концепт се предизборните барања на албанските партии, распределбата на буџетот да биде по етничка основа, велат економистите.

Крај на финансиската дискриминација на Албанците во Македонија, е дел од она што го ветуваат албанските политички партии во кампањата. Секоја партија на свој начин ветува промени во распределбата на буџетот по етничка основа. Албанската опозиција ветува дека доколку добие мнозинство гласови, прашањето за буџетот ќе биде едно од основните
Мислам дека тоа е сосема погрешен концепт и ако се постави на маса мислам дека треба да се одбие како неосновано барање, кое барање нема никаква врска со етничката основа во Република Македонија, тоа треба на сосема поинаков начин да се
определува.
прашања за кои ќе преговараат со новиот владин партнер, додека пак владејачката партија ДУИ вели дека можеби ова прашање треба уште еднаш да се разгледа од експертите.

Во недостаток на статистички податоци за етничката структура на невработено население како и на приливот во буџетот по основа на платени даноци политичките партии шпекулираат со податоците. Од една страна, тврдат дека албанското население учествува со 30 проценти во буџетот, а искористува само 2 отсто од нив.

Според владината статегијата за демографски развој на Македонија, највисока невработеност е во северозападниот дел на земјата, речиси 50 проценти. Економскиот аналитичар Шенај Хаџи Мустафа вели треба да се направи вистинска анализа затоа што со буџетската промена може да се намалат и етничките разлики меѓу граѓаните.

Жителите на Липково се жалат на сиромаштија, поради која голем дел од младите побараа азил во Западна Европа.

„Доколку не учествуваат со данок тогаш би требало да користат некаква социјална помош, значи во таа насока би била таа распределба на буџетот, значи да се нудат поголеми социјални трансфери за намалување на таа невработеност. Инаку официјалната статистика не може да ја прикаже официјалната бројка бидејќи во нашата земја сивата економија е во голем дел присутна и дел од овие податоци се искривени.“

Поранешниот министер за финансии Никола Поповски вели дека во време на избори логично е партиите да бараат повеќе отколку што мислат дека треба, но барањето да се дели буџетот по паритетна основа или, пак,
Доколку не учествуваат со данок тогаш би требало да користат некаква социјална помош, значи во таа насока би била таа распределба на буџетот, значи да се нудат поголеми социјални трансфери за намалување на таа невработеност.
за буџетот да се гласа по Бадентер е нелогично.

„Мислам дека тоа е сосема погрешен концепт и ако се постави на маса мислам дека треба да се одбие како неосновано барања, барање нема никаква врска со етничката основа во Република Македонија, тоа треба на сосема поинаков начин да се определува. На крајот на краиштата, во јавниот сектор, Албанците имаат загарантирани 25% и треба што побрзо да се стигне до таа вработеност и вкупно и по одделни проценти.“

Tаквото барање може да донесе и негативни последици, додава Поповски.

„Меѓутоа далеку од тоа да се претвори Македонија во некаква математичка буџетска средина каде што после секој може на ист начин, па тогаш може да се случи Македонците да побараат 60 отсто од расходите на одат за нас. Можеби ќе нема доволно пари ниту за да ги оддржуваат автопатиштата и патиштата во своите средини, во некои села каде што даноците им се нула, а има асфалт, по таа логика не треба да им се направи ништо... значи сосема се погрешни пресметките на кои целосно се базира таа работа“, вели Поповски.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG