Достапни линкови

Ратко Младиќ го посети гробот на својата ќерка


Обвинетиот од Хашкиот трибунал Ратко Младиќ изутрината го посети гробот на својата ќерка, во придружба на големо обезбедување, по што е вратен во притворот на Специјалниот суд во Белград, изјави српскиот заменик обвинител за воени злосторства Бруно Векариќ.
Тој потсети дека обвинителството и судот се согласиле со барањето на Младиќ и дека надлежните служби ја процениле безбедноста на оваа акција и е спроведена во раните утрински часови.
Ќерката на Младиќ трагично го загуби својот живот во 1994 година, а тој уште првиот ден по апсењето изрази желба да го посети нејзиниот гроб.
XS
SM
MD
LG