Достапни линкови

НАТО ги продолжи нападите врз режимот на Гадафи во Либија


НАТО ги продолжи воздушни напади врз силите на режимот на Моамер Гадафи е, по новиот неуспешен обид на јужноафриканскиот претседател Џејкоб Зума да посредува кај либискиот лидер Моамер ел Гадафи. Либискиот телевизија јави дека НАТО извршил воздушни напади врз цели во Триполи и Ал-Џафра, јужно од главниот град.
Вчера, Зума како претставник на Африканската унија се состана со Гадафи во Триполи по што изјави дека либискиот лидер е подготвен на примирје за да запрат воздушните напади на НАТО против неговиот режим.
Сепак, тој не покажа готовност да ги прифати барањата на Запад и на либиските бунтовници за оставка, поради што неговата понуда беше веднаш одбиена од страна на бунтовниците.
XS
SM
MD
LG