Достапни линкови

logo-print

Тадиќ: Сега е ред на ЕУ


Српскиот претседател Борис Тадиќ во интервју за Асошиетед Прес изјави дека е време Европската Унија да го заврши својот дел во поддршката на напорите на неговата земја да се приклучи кон Унијата. Тадиќ смета дека било јасно оти Србија си ги исполнува своите меѓународни обврски и дека земјата ќе продолжи да го прави тоа а сега е ред на ЕУ да го исполни својот дел.
Тој додаде дека апсењето на осомничениот за воени злосторства Ратко Младиќ, е доказ за сериозните намери на земјата за соединување со меѓународната заедница. Тадиќ во интервјуто ги негира обвинувањата дека властите знаеле каде се крие Младиќ и дека го одложувале неговото апсење. Тадиќ изјави дека и последниот обвинет за воени злосторства од балканските војни Горан Хаџиќ ќе биде уапсен.
XS
SM
MD
LG