Достапни линкови

logo-print

ФИФА:Светскиот фудбал претрпе голема штета


Претседателот на ФИФА Сеп Блатер

Претседателот на ФИФА Сеп Блатер

Претседателот на ФИФА Сеп Блатер изјави денеска дека е направена „голема штета“ за светскиот фудбал со обвинувањата за корупција , но инсистира на тоа дека немало проблем при доделувањето на организација на Светското првенство 2022 на Катар.

Блатер најверојатно ќе биде реизбран како претседател на ФИФА во среда. Неговиот единствен ривал Мохамед бин Аман минатата недела беше суспендиран поради обвинување за корупција по што ја повлече кандидатурата.

Блатер на прес конференцијата во Цирих негираше дека управното тело на организацијата е во криза и дека ќе ги решат сите проблеми во управата.

Кока Кола и Адидас се загриженни по обвинувањата за корупција во управното тело на ФИФА. Во одвоени соопштенија двете фирми е наведено дека таквите обвиненеија не се добри ниту за спортот ниту за фудбалот. Тие се долгогодишни партнери и најголеми спонзори на ФИФА.
XS
SM
MD
LG