Достапни линкови

Турскиот претседател во Туркменистан по наплата на долг


Турскиот претседател Абдулах Ѓул се сретна со својот туркменистански колега со кој разговараше за долгот на земјата во вредност од 1 милијарда долари кон турските компании кои го реконструираат главниот град на Туркменистан. Турските медиуми јавуваат дека посетата на Ѓул е мотивирана од барањето на фирмите, Туркменистан да им го врати долгот пред да поднесат жалби до Меѓународниот центар за решавање на инвестициски спорови.
XS
SM
MD
LG